ПРОДАЖБА

Компанија Велкоски е застпаник на повеќе познати брендови како што се Crhomos Svjetlost, Knauf, Ceresit, Ading, Vibac, Ursa, Isover и други брендови од градежништвото.

ИЗГРАДБА

Компанија Велкоски исто така се јавува како инвеститор на сопствени објекти, почнувајќи од зграда Аура, Зоара, Ариа, Артис со повеќе од 700 станбени единици.

УСЛУГИ

Изнајмување на деловни објекти за вашиот бизнис. Компанија Велкоски располага со преку 30 деловни единици со различни квадратури, кои се наоѓаат на три локации во Скопје.

КОМПАНИЈА ВЕЛКОСКИ

 
Компанија Велкоски е основана во 1991 година. Повеќе од 30 години е една од водечките компании во прометот на големо во сегментот на материјали за завршни работи во градежништвото како и во сегментот на репаратурните производи од автомобилската индустрија. Главна дејност на компанијата е увоз, извоз и трговија на материјали за завршни работи во градежништвото.

Целта на нашата деловна стратегија е да постигнуваме раст и развој, со континуирано зголемување на нашето пазарно учество во градежниот бизнис и репаратурниот сегмент од автомобилската индустрија. Компанија Велкоски располага со 500m2 канцелариски и 900m2 магацински простор. Од страна на логистика и транспорт располагаме со 5 доставни возила ( 2 специјализирани за авторепаратурен сегмент и 5 за градежен сегмент ) и 3 камиони ( за градежен сегмент ).
Компанија Велкоски исто така се јавува како инвеститор на сопствени објекти, почнувајќи од зграда Аура, Зоара, Ариа, Артис со повеќе од 700 станбени единици. Успешноста на веќе изградените објекти ја насочува компанијата кон идни предизвици и инвестиции во делот на градежништвото.