Кратко за нас

КОМПАНИЈА ВЕЛКОСКИ ДОО е основана во 1991 година и е успешно присутна повеќе од 20 години како една од водечките компании во прометот на големо во сегментот на материјали за завршни работи во градежништвото како и во сегментот на репаратурните производи од автомобилската индустрија од 2002 година наваму.
Главна дејност на компанијата е увоз, извоз и трговија на материјали за завршни работи во градежништвото. Изработуваме проекти и совети за уредување на Вашиот станбен и деловен простор, изведба со стручни екипи со сертификат за изработка за материјалите, техничка поддршка и надзор, правилен избор на материјали и пресметка на количини за истите.
Целта на нашата деловна стратегија е да постигнуваме раст и развој, со континуирано зголемување на нашето пазарно учество во градежниот бизнис и репаратурниот сегмент од автомобилската индустрија.
Во моментов главните активности на нашата компанија се продажба на производи и нудење на дополнителни услуги, директно кај крајните корисници (градежни компании и овластени сервиси од автомобилската гранка).
Компанија Велкоски располага со 500m2 канцелариски и 900m2 магацински простор. Од страна на логистика и транспорт располагаме со 5 доставни возила ( 2 специјализирани за авторепаратурен сегмент и 5 за градежен сегмент ) и 3 камиони ( за градежен сегмент ).
Нашата компанија е официјален импортер на производите од репаратурната палета на Akzo Nobel ( брендовите Sikkens & Dyna ) како и на останатите пратечки брендови од репаратурниот сегмент на автомобилската индустрија: , 3M, De Vilbiss, Vibac, Magnacca, .