Реновирањето на детската соба = забава за целото семејсто

Корисни совети за преуредување детска соба

Секој родител го посакува најдоброто за своето дете, сака да му ги пружи сите
задоволства и да му обезбеди безгрижно детство. Детската соба е нивното единствено
приватно катче, а истовремено и простор во кој го поминуваат поголемиот дел од денот.
Како растат, така нивните вкусови и интереси се менуваат, па нивната детска соба
подлежи на често реновирање и ситни промени. Преуредувањето на детската соба е
секогаш супер возбудливо, но поради големиот избор на бои, нијанси, детски украси и
детали може да биде и комплицирано.

За да го олесните целиот процес на реновирање, потребно е да изберете декор што
целосно ќе го одговара на личноста на вашето дете и неговиот темперамент, а истиот да
биде и доста практичен за одржување.

Првиот чекор кон успешно освежување на детската соба е разговор со детето. Со
вклучувањето на вашето дете во процесот на донесување одлуки, ќе бидете сигурни дека
новата соба му се допаѓа и ќе ја користи многу повеќе од претходно, а исто така ќе
поминете квалитетно време заедно.

Одберете мал простор од носечкиот ѕид во собата и резервирајте го за „мини-галерија“,
дајте му лесна задача на своето дете и разбудете ја неговата креативност, односно
потребно е да наслика неколку ликови од омилениот цртан филм, херојот од омилената
детска серија или било што друго со кое ќе даде свој печат во сопствената соба. На тој
начин ќе заштедите на скапи уметнички слики и што е поважно, ќе создадете незаборавни
заеднички спомени.

Следно, заедно одлучете за бојата што ќе преовладува во целиот простор. Но, имајте на
ум дека децата понекогаш се неодлучни и ќе им треба повеќе време за да ја одберат
вистинската нијанса, која нема да им здосади после првите три дена. Сепак, инсистирајте
за свежи и светли нијанси од бојата што ја сакаат, за нивната соба да биде место за
играње, забава, релаксација, но и за учење.

Следните чекори треба да ги преземете вие, затоа што ќе треба да внимавате на
практичниот дел, односно да има доволно простор за играчки, алишта, книги и компјутер.
Најважно е да обезбедите удобен кревет, место за работно биро и многу полици.

Безбедноста и удобноста, секако, треба да бидат главен приоритет за секоја детска соба.
Но, останатите декорации и детали зависат од нивната возраст. Поголемите деца и
тинејџерите, сакаат поголема приватност и поедноставен дизајн, затоа вклучете ги во
секоја фаза од процесот на преуредување. Додека помалите деца, ќе бидат среќни и задоволни кога нивната соба ќе наликува на игротека, односно сакаат да има многу
весели бои, кутија преполна со играчки и столна ламба во несекојдневна форма со топло
осветлување, за да се чувствуваат спокојно, додека заспиваат сами.